На ден 28.11.2023 година (вторник), Комората за информатичко-комуникациска технологија и услуги при Сојузот на стопански комори на Македонија додели сертификати за ВЕРИФИКУВАН МАКЕДОНСКИ ИКТ ПРОИЗВОД на 15 македонски ИКТ компании за да се поттикнат да развиваат сопствени производи и услуги со високо додадена вредност и да придонесат кон дигиталната трансформација на процесите не само на приватниот сектор, туку и во државните институции.
Компаниите добитници се:
- Серафимов Груп за производот E-Billing,
- EдКом за производот CMT Pick and Place,
- Сорсикс за производот Pinga,
- Mегасофт Плус за производот МегаплусКомунал
- Глобал Нет за производот Polaris,
- Даталаб МК за производот Pantheon,
- ММ Дисоски за производот Мobi Promo,
- Компјунет инженеринг за производот Ка-Софт Плус,
- БИС за производот Next Solution ERP,
- Кабтел Груп за производот RFID & ERP Integration,
- Кодекс компјутери за производот CxOmniBus,
- Таргет Груп за производот БизнисМрежа.мк,
- Oптимум Креатив Солушнс за производот DBI,
- Тренд Ком за производот ТК извршителска канцеларија и
- Сигма СБ за производот Деловен систем ССВ
Настанот го отвори г-дин Трајан Ангелоски, Претседател на Сојузот на Стопански комори кој во континуитет работи на создавање подобра бизнис клима за компаниите преку интензивирање на соработката со надлежните институции, како и унапредување и продлабочување на соработката со релевантни меѓународни институции и организации.
Гостите беа поздравени и од страна на проф. д-р Аце Миленкоски, Ректор на Универзитетот во Скопје кој години наназад едуцира кадри неопходни за новите научни и професионални барања на општеството и на бизнис-заедницата.
Свое обраќање на доделувањето на сертификати за ВЕРИФИКУВАН МАКЕДОНСКИ ИКТ ПРОИЗВОД имаше и министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Азир Алиу кој воедно е дипломиран инженер по електротехника и доктор по информатички науки и говореше за развојот и промоцијата на информатичкото општество, креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа, интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди.
Поздравни обраќања имаа и проф. д-р Нина Најденова Петкова од Универзитетот за телекомуникации и пошти во Софија, во своето обраќање се поттенцираше можноста за соработка на научната фела и бизнис секторот и важноста на имплементација на дигитализација и проф. д-р Мирко Спироски, основач и директор на Научната фондација Спироски чиј научен интерес е имунологија, но работел и во полето на молекулска антропологија и хумана генетикана на настанот, ја преттстави можноста за дарителски регистар за матични клетки и важноста да се зачлениме и помогнеме да спасиме нечиј живот.
Проф. Д-р Орце Симов, како претседател на Комората за информатичко-комуникациска технологија и услуги при Сојузот на стопански комори на Македонија, им честиташе на македонските компании за квалитетот на нивните производи, исполнување на високите стандарди и креирањето на уникатни производи кои им нудат конкурентност на домашниот и на глобалниот пазар. Главната цел поради која се одлучивме да го организираме овој настан е препознавање и сертифицирање на македонските ИТ производи кои се доказ за посветеноста на компаниите што работат на развој на сопствени производи и услуги со високо додадена вредност, работат на дигитална трансформација на македонските институции и компаниии и се архитекти на напредокот, поставувајќи ја основата за иднината каде иновациите немаат граници, истакна г-дин Симов.
Компаниите на кои им беше доделен сертификати за ВЕРИФИКУВАН МАКЕДОНСКИ ИКТ ПРОИЗВОД имаа можност да го претстават својот производот, а настанот беше заокружен со вмрежување на претставници од присутните компании, размена на идеи и неформална дискусија за можностите за соработка и креирање на нови, иновативни и високопрофитабилни производи и услуги.