Фото: Depositphotos

Google ја изгуби судската постапка која беше започната од групна тужба во државата Калифорнија во САД. Поради тоа од компанијата ќе мора да платат 314 милиони долари на корисниците од државата, а поради злоупотреба на мобилниот интернет. 

Злоупотребата на мобилниот интернет, како основа за тужбата, се смета комуникацијата на Android оперативниот систем со серверите од Google за испраќање на информации кога уредот и апликациите не се користат. 

Според тужбата, оваа комуникација се одвива без дозвола од страна на корисниците, а исто така таа може да биде направена да се одбива само кога телефонот е поврзан преку Wi-Fi. 

Дека оваа комуникација можела да „почека“ до поврзување со Wi-Fi се тврди поради фактот што информациите биле „логови“ кои содржеле информации за системот, мрежата, листа на отворени апликации и слично. 

Од Google очекувано го негираат ова и најавуваат жалба, а истакнуваат дека информациите кои се испраќале се важни за нормалното функционирање на системот и неговата безбедност. 

ИЗВОРThe Hacker News
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаНајновиот модел за генерирање на видеа од Google им стана достапен на сите претплатници на Gemini Pro
Следна статијаХалкбанк од денеска е комплетна дигитална банка – пристап до сите услуги и онлајн
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.