Фото: Shutterstock.com

Нов закон донесен од страна на францускиот Сенат ќе бара од сопствениците на паркинзи да инсталираат сончеви панели врз паркинг местата. Ова ќе важи за паркинзите кои имаат најмалку 80 паркинг места, а рокот за инсталација ќе биде пет години почнувајќи од 2023. Овој рок ќе биде помал, односно три години за паркинзите со повеќе од 400 места.

Иако не е точно познато дали сопствениците на паркинзите ќе имаат обврска да го финансираат овој проект и дали државата ќе ги субвенционира до одреден степен, што се однесува до производството на електрична енергија, ова е одличен план.

Паркинзите често зафаќаат големи отворени простори кои се изложени на сонце, па инсталирањето на сончеви панели, не само што ќе донесе производство на струја, ќе донесе и сенка за паркираните возила.

Според проценките на властите во Франција, паркинзите кои ги има доста до автопатиштата и до поголемите патни правци во земјата, можат да произведат до 11 гигавати електрична енергија, доволно да се конкурира на капацитетот на 10 нуклеарни реактори.

Не секој паркинг ќе ја има обврската да инсталира панели, па достапни ќе бидат исклучоци, како што се безбедносни причини, архитектонски и причини поврзани со околината. Исто така, тие што ќе можат да покажат дека не е можно финансиски да го поднесат проектот, ќе можат да добијат исклучок од законот.

Според законот, најмалку половина од површината на паркингот ќе мора да биде покриен со сончеви панели.

ИЗВОРEngdget
Претходна статијаКлиника за Хематологија ќе прерасне во регионален центар за лекување на најтешките болести на крвта
Следна статијаTwitter воведува нова „Official“ ознака за да се направи разлика од сега за сите достапниот син беџ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.