Фото: Shutterstock.com

Случајот со Cambridge Analytica продолжува да го држи Facebook во вестите и со тоа да го нарушува угледот на оваа компанија за која веќе ретко кој има позитивно мислење.

За потсетување, британската компанија Cambridge Analytica има дојдено до информации од повеќе десетици милиони корисници преку Facebook апликација која директно не била наменета за истото и корисниците не дале согласност, ниту знаеле дека нивните податоци ќе бидат искористени. Се верува дека податоци биле искористени и од пријателите на овие корисници, а потоа тие се користени, кратко кажано за политички манипулации за време на кампањи.

Со овој случај официјално и масовно дојде до израз моќта која ја имаат друштвените мрежи, без разлика дали директно или со злоупотреба од трети страни. Поради тоа Facebook беше и предмет на истрага од страна на американската FTC – Federal Trade Commission, со која беше договорена казна која од компанијата ја имаат платено.

Сега две групи на акционери на Facebook обвинуваат дека сумата која компанијата ја има платено на FTC е многу поголема од тоа што требало да биде, а истата е платена за да се заштити Марк Закерберг, како и COO на компанија Шерил Сендберг.

Според тужбите кои станаа јавни оваа недела, одборот на директори на Facebook одобрил да се плати казната од скоро 5 милијарди долари, а првичната казна која била побарана од страна на FTC изнесувала околу 107 милиони долари.

Во првичниот документ кој бил испратен од страна на FTC до адвокатите на Facebook како одговорни во истрагата биле именувани како компанијата, така и Марк Закерберг. Од Facebook ја плаќаат сумата од 4,9 милијарди долари, по што Закерберг не се споменува во официјалните документи од FTC.

Тужбите се поднесени пред суд во државата Делавер во САД, па останува да видиме што ќе се случува со нив во периодот што следи.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Politico
Претходна статијаНаскоро: GoGlobal – Виртуелни сесии за маркетинг стратегии наменети за перформанс огласувачи
Следна статијаGoogle Chrome 94 достапен од оваа недела е првата верзија од новиот четири неделен систем на надградби
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.