Shutterstock.com

Нов предлог закон ќе биде ставен на дискусија во Европскиот Парламент кој треба да донесе повеќе новини во Digital Services Act кој веќе функционира во Европската Унија. Предлогот којшто е објавен од страна на повеќе медиуми уште сега покажува дека ќе предизвика повеќе реакции од засегнатите компании, а тие се очекува да бидат такви како Facebook, Google, Apple и слични.

Уште сега се најавува дека финалната форма на предлог законот може да биде до некаде изменета, а за истата ќе почне да се расправа до крајот на годината.

Новите правила кои би требало да стапат на сила, се истакнува дека се направени со цел да се ограничи нефер однесувањето од страна на компаниите. Ова секако е релативен термин и секогаш е тешко да се одлучи што е тоа што е нефер.

Според ЕУ, како нефер практики од компаниите се сметаат промовирањето на сопствените производи и сервиси во резултатите од пребарување на сопствениците на таквите платформи, инсталирањето или условувањето за инсталирање на сопствени апликации на мобилните уреди и лаптоп компјутерите и слично.

Новите правила исто така ги интересираат и платформите како што се продавниците за апликации, друштвените мрежи, како и зголемување на одговорноста од страна на мрежите за тоа што нивните корисници го објавуваат.

Посебно интересен е делот каде компаниите кои поседуваат информации за корисниците преку нивните платформи, ќе треба тие информации да ги споделуваат со конкурентните бизниси.

Дефинитивно ќе биде интересно да се види кои од овие правила ќе останат во финалната верзија од предлог законот, а кои од нив и ќе поминат. За тоа сепак ќе треба да се почека повеќе време, со оглед на тоа што не се знае колку месеци, ако не е и повеќе, би траела дискусијата, па потоа донесувањето на законот и почетокот на неговата важност.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаGoogle го претстави Pixel 5 со кого ја враќа средно високата класа во игра
Следна статијаGalaxy S20 FE од утре достапен и во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.