Shutterstock.com

Европскиот Парламент вчера изгласа еден вид на препорака до Европската Комисија која треба да направи разлика за можноста за поправка на уредите од страна на корисниците. Оваа препорака е донесена со 395 гласа за, 94 против, како и 207 парламентарци кои не гласале.

Целта на промените кои сакаат да ги донесат во ЕУ е да корисниците можат полесно да го поправат својот уред со избор каде тоа да го направат. Обично поправката мора да се прави кај сертифицирани сервиси официјално одобрени од производителот, па корисниците не можат да отидат кај друг, поевтин сервисер, без притоа да им се намали вредноста на уредот.

Ова сепак звучи до некаде нелогично. Иако производителите често знаат да ја злоупотребат оваа ситуација, тие секако повеќе би сакале да купите нов уред, отколку да го поправите стариот, сепак логично е да вредноста на уредот се намали доколку производителот не може да потврди каде и како е направен тој уред. Не може вредноста на остане после „чепкање“ на уредот од било кого.

Како и да е, од ЕУ сметаат дека на овој начин ќе им се излезе во пресрет на корисниците, а ќе влијае позитивно и на околината. Според едно истражување, 8 од 10 корисници во Европа, веруваат дека производителите би требало да им овозможат полесен пристап до поправка на уредите.

Препораката до Европската Комисијата вклучува и дел каде од производителите ќе се побара да ставаат информација за векот на траење кој се очекува од уредот, како и тоа да не се прави да тој век биде пократок, нешто што не ни е јасно како би го докажале.

Дали оваа препорака ќе прерасне во некоја официјална регулатива во иднина останува да видиме, но со оглед на поддршката која ја има добиено, а и досегашната практика на унијата, сигурно ќе постои нешто вакво во некоја форма.

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 2Euro News
Претходна статијаДоделени наградите од 100.000 денари во рамките на Скопската фото недела
Следна статијаНови неофицијални слики од Galaxy S21, како и најава за отклучување на телефоните преку препознавање на гласот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.