Познатиот „Ice universe“ излезе со нови слики, поточно рендери, од најверојатно Galaxy S21 и S21+ моделите, овој пат во футроли. Со тоа се добива подобра слика како ќе изгледаат футролите за овие модели, а идната година тоа ќе биде нешто поразлично поради поставеноста на редизајнираниот модул за камерите.

Исто така се забележува дека Samsung се има одлучено да кај овие модели не користи заоблен екран од страните, нешто што полека станува тренд, па футролите ќе може да се постават целосно од страните и да го штитат екранот и целиот уред.

Втора информација која доаѓа од SamMobile е дека Bixby повторно ќе добие можност за отклучување на телефонот преку гласовна команда. Оваа функција наводно ќе биде достапна исто како што е можноста за користење на отпечатоци од прстите, слика од лицето и слично.

Сепак, точни се заклучоците дека овој начин на отклучување би бил најмалку безбеден, може дури и помалку безбеден од отклучувањето со камерата (не 3D), па не е јасно во каква форма и со која цел би била оваа функција. Можеби сепак таа нема да биде нешто кое Samsung посебно ќе го промовира како голема новина.

ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаЕвропскиот Парламент изгласа препорака за можност за поправање на уредите кај повеќе сервисери
Следна статијаBlack Friday распродажба на Smartus.mk
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.