Фото: Depositphotos

Пред две недели Елон Маск ги обвини Apple дека го фаворизираат ChatGPT& во App Store на сметка на другите вакви апликации, а во главно поради соработката која ја имаат со OpenAI.

Како што е познато, ChatGPT се користи како замена за доцнењето на напредната верзија од Siri, па корисниците можат да изберат одговорот да го добијат од овој „четбот“, секогаш кога асистентот од Apple не знае да одговори. 

Сега Маск ова обвинение го направи и официјално преку поднесување на тужба пред федералниот суд во Форт Ворт, Тексас, преку неговите компании X и xAI кои сега се под една компанија наречена xAI Holdings. 

Во обвинението Apple се обвинуваат дека со одлуката да го интегрираат ChatGPT во оперативните системи се нарушува конкуренцијата и иновативноста во ВИ индустријата. Со тоа се прави штета и на корисниците на кои им се намалува изборот. 

Со други зборови Маск ги тужи Apple затоа што сака Grok да биде дел од Siri исто како и ChatGPT, а од Apple уште од најавата на интеграцијата истакнаа дека не се работи за ексклузивен договор и се најавуваше додавање на Gemini како втор избор. 

Во обвинението Маск го споменува и претходниот проблем од пред две недели, а тоа е дека ChatGPT најчесто е на првото место во App Store, а тоа смета дека исто така не е реално и е резултат на соработката со OpenAI. 

Иако верува дека Apple поради соработката со OpenAI не ретко го промовира ChatGPT преку првата картичка во App Store, сепак кога е во прашање популарноста на овој „четбот“, мали се шансите дека имало потреба од „нефер“ однесување. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаТргна уметничкиот караван Баскерфест 2025
Следна статијаКога може да се очекува почетокот на пуштањето на One UI 8 надградбата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.