Фото: Shutterstock.com

Според извори од Reuters, Европската Комисија утре би можела да поднесе жалба со која во основа ќе бара продажба на дел од бизнисот со реклами од страна на Alphabet, односно Google.

Како главна причина за ова се смета неуспешното досегашно договарање со компанијата за доминацијата во бизнисот со онлајн реклами, како и за обвинувањата дека се користат неконкурентни практики за задржување на оваа позиција.

Пазарниот удел на Google се верува дека е некаде околу 28% и компанијата го држи првото место, по што следува Meta, односно Facebook. Приходите од реклами во првата четвртина од годината изнесувале 54,55 милијарди долари, додека вкупните приходи на Alphabet 69,79 милијарди.

Од бројките може да се види тоа што е познато, а тоа е дека Alphabet, односно Google, е во основа компанија за реклами и главните приходи се од тој бизнис.

Проблем со пазарниот удел, како и практиките за негово задржување, имаат и регулаторите во САД. Тужба за продажба на делот за реклами е поднесена на почетокот од годината, а од компанијата досега ги негираат сите вакви обвинувања.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаАмериканската FTC повторно го блокира купувањето на Activision Blizzard од страна на Microsoft
Следна статијаGoogle Wallet стана достапен во Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.