Cyanogen сега компанија која што стои зад развојот на Cyanogen OS и CyanogenMod започна како хоби проект. Предмет на проектот беше токму CyanogenMod, посебно направената верзија од Android на основа на овој оперативен систем со отворен код.
Главна причина за големата популарност на CyenogenMod беше користењето на основниот Android кориснички интерфејс без непотребни додатоци и прединсталиран софтвер. Врз тоа беа додадени одредени оптимизации, како и дополнителни можности за прилагодување за разлика од обичниот Android.
Можеби најголем број од корисниците на CyanogenMod беа корисниците на некои од уредите на Samsung и слични, кои што прават и ден денес големи промени во корисничкиот интерфејс на Android, па корисниците се решаваат за поедноставната и побрза верзија.
Еден од вработените во Cyanogen преку неговиот Instagram профил објави дека бројот на корисниците кои што тие го имаат е огромен и изнесува повеќе од 50 милиони. Најавата беше интересно направена со споредба дека таа бројка е поголема од бројот на корисниците на Windows Phone и Blackberry заедно.
Со оглед на бројот на Android корисниците, ова воопшто не е чудно. Покрај тоа што инсталирањето на CyanogenMod денеска е многу полесно и не бара големо познавање за активноста, Cyanogen го нуди и својот Cyanogen OS кој што доаѓа инсталиран на неколку уреди, меѓу кои и познатиот OnePlus One до пред одредено време.
Извор: Android Headlines, Talk Android