find_hero

Кражбите и губењето на паметните телефони е доста зголемено во последните години во САД, што е разбирливо со оглед на нивното масовно користење. Според тамошните полициски власти тоа претставува проблем поради тоа што губењето на паметниот телефон не претставува само трошок за уредот на корисникот, туку може да се спореди дури со губење на паричник, поради информациите содржани во него. Таму веќе се води дебата за тоа како корисниците да се заштитат барем од кражбата на податоците на телефонот, а потоа потребата од исклучување на одредени сервиси, како и промена на лозинки. Дебатата оди во правец на воведување на можност за лоцирање на телефонот, но и бришење на податоците преку интернет, нешто што е веќе достапно на голем број на мобилни телефони кои работат на Android, iOS и Windows Phone. Одредени сенатори предлагаат донесување на закон со кој што оваа функција ќе биде задолжителна и вклучена кај сите уреди.

Додека сеуште се разгледува можноста за поддршка на таков закон, повеќето компании од мобилната индустрија како Apple, Google, Microsoft, Samsung, Nokia, како и оператори се обврзаа дека функцијата за бришење на податоците од уредите ќе ја воведат во сите нивни производи од идната година. Според порталот Re/Code, корисниците ќе имаат можност истата да ја вклучат или исклучат, што наиде на критики од страна на сенаторот кој што го турка законот за задолжителност на оваа функција. Решението кое што нема да биде ново поради достапноста кај некој уреди, ќе биде овозможено кај сите уреди од овие компании и ќе биде унапредено со одредени можности.

Извор: Re/Code

Претходна статијаНа повидок систем кој овозможува плаќање со дланка?
Следна статијаПрвиот паметен телефон од Amazon ќе вклучува 6 камери
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.