Фото: Shutterstock.com

Федералната комисија за комуникации на САД – FCC, започна програма вредна 1,9 милијарди долари наменета за отстранување и замена на опремата од Huawei и ZTE кај операторите. Оваа програмата е наменета за помалите оператори, кои имаат помалку од 10 милиони корисници, како и за одредени училишта, библиотеки и слично.

Операторите и останатите институции ќе можат да поднесат барање за враќање на средствата кои ќе ги потрошат за отстранување и промена на нивната мрежна опрема, а за тоа се поставени одредени услови за брзината која ја овозможува опремата, како и во која година е инсталирана.

Оваа одлука воопшто не изненадува со оглед на тоа дека означувањето на овие кинески компании како ризик за националната безбедност започна во САД. Од земјата веќе со години влијаат на своите сојузници да не ја користат опремата од овие две компании, па во светот не е мал бројот на земји кои тоа го почитуваат.

Во основа, целта на САД е да во нивната земја не се користи опрема од овие компании, опрема која се смета дека може да се искористи за следење на комуникациите од страна на Кина.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаСеавус Акцелераторот отвора повик за стартапи
Следна статијаSkype останува и нема да биде заменет од Microsoft Teams, а ќе добие повеќе нови функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.