Согласно најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија (со исклучок на трансакциите со електронски пари) на Народната банка на Македонија во првата половина од 2024 година вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 20.899,8 милиони денари или 339,8 милиони евра. При тоа кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 210,2 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички. Тоа преставува учество од 61,8% во вредноста на направените вкупни онлајн трансакции. При тоа од македонски иматели на платежни картичи кон домашните е-трговци направена е вредност од 11.875,6 милиони денари или 193,1 милиони евра, што преставува учество од 56,8%, од странци направена е вредност од 1049,7 милиои денари или 17,1 милиони евра односно учество од 5%.

Од друга страна Македонците во странство напавиле онлајн трансакции во вредност од 7974,5 милиони денари или 129,7 милиони евра односно 38,2% од вредноста на вкупните трансакции. 

Според усогласувањето на извештаите во податоците од доменот на платежната статистика со Законот за платежни услуги и платни системи се известува и за повторливи онлајн транскации (Recurring payments) кои може да се однесуваат за плаќање на сметки или претплати за најразлини услуги. На домашниот пазар кон домашните е-трговци повтроливи трансакции се направени во вредност од 53,7 илјади евра или 0,03% од остварената вредност, додека Македонците во странство направиле повтроливи трансакции во вредност од 6,1 милиони евра или 4,7% од остварената вредност. 

Вкупната вредност е остварена со направени 10,3 милиони онлајн трансакции односно просечаната трансакција изнесува 33 евра. Притоа најмала е вредноста на просечната трансакција направена од домашни иматели на платежни картички кон домашни е-трговци и изнесува 30,8 евра, потоа од странски иматели кон домашни  е-тровци од 33,3 евра и највискоа од домашни иматели кон странски е-трговци 37,2 евра.  При тоа повторливите трансакции направени кон домашните е-трговци изнесуваат просечно околу 20 евра, додека кон странските е-трговци просечната трансакција изнесува 15,8 евра.

– “При анализата на податоците од Народната банка на Република Северна Македонија, мора да објасниме дека тие ја прикажуваат состојбата во е-трговијата во потесна смисла на зборот, односно направените онлајн нарачки кои исто така се и платени онлајн. Меѓутоа мора да се имаат во предвид податоците кои укажуваат дека според навиките и менталитетот Македонците како и другите интернет купувачи од соседните земји од Западен Балкан се љубители на плаќања во ќеш. Податоците од 2021 година на Global Findeks дата базата покажуваат дека само 43% од Македонците кои поседуваат платежни картички истите и ги употребуваат, додека 47% од направените онлајн нарачки се платени во готовина при достава (Cash on Delivery). Исто така направената анкета во рамки на најновата анализа која ја изработува АЕТМ како Извештај за е-трговијата на Западен Балкан, подржана од НЛБ групацијата на 40 е-трговци од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија покажува дека балканските е-купувачи преферираат ‘Cash on Delivery’. Дури кај 72,5% од балканските е-трговци, доминантен платежен метод е плаќањето во готово при прием на практата. Ова ни покажува дека вредноста на онлајн нарачките е многу повисока ако се земе во обзир е-трговијата во поширока смисла на дефиницијата, а за тоа е потребно прибирање и на овие податоци за ‘cash on delivery’ плаќањата. Дополнително секогаш ја спомнуваме и ширината на прибраните податоци од Народната банка кои ги опфаќаат сите онлајн трансакции направени со платежни картичи, каде може да влезат плаќање на сметки и др. услуги онлајн. Она што е новина во известувањето според усогласувањето на содржината, начинот, формата и роковите за доставување и објавување на податоците и информациите за платежна статистика, според Законот за платежни услуги и платни системи е што се одвоени повторливите плаќања кои се однесуваат во главно на претплати/членарини за сервис провајдери како Netflix, Youtube и сл. Работиме и го следиме прогресот и развојот на е-трговијата, а затоа се потребни и релевантни официјални податоци за преземање на соодветни активности и иницијативи за унапредување на климата за македонската е-трговија.” – вели Претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска Станков.

Претходна статијаApple ја зголеми почетната меморија кај MacBook Air со M2 и M3 на 16GB
Следна статијаMozilla ја прославува 20 годишнината од претставувањето на Firefox со најновата верзија од прелистувачот