Apple оваа недела, распределено во три дена на претставувања, ги претстави новите iMac со M4, редизајнираниот, односно доста помал Mac mini со M4 и M4 Pro, како и MacBook Pro со M4, M4 Pro и M4 Max. 

Една информација која се шпекулираше испадна точна, а тоа е дека сите овие нови компјутери од Apple веќе не почнуваат со 8GB обединета меморија. Ова беше предмет за критика кон компанијата, колку и да се обидуваа да тврдат дека 8GB кај нивните уреди е како повеќе меморија кај Windows конкурентите. 

Конечно веќе корисниците на Apple во 2024 не мора да користат скапи уреди со 8GB меморија, а причината за промената на понудата во главно може да се најде кај Apple Intelligence и потребата од повеќе меморија. 

Тоа што изненади при претставувањето на MacBook Pro компјутерите е најавата дека и MacBook Air добиваат основна меморија од 16GB. Двата претходни модели со М2 и M3 чип веќе нема да се продаваат со 8GB меморија, па почетните модели ќе имаат 16GB обединета меморија. 

Уште поважно, цената на компјутерите останува иста, односно почетниот модел со 16GB ќе се продава со цената на почетниот модел досега со 8GB. 

Ова е одлична вест за корисниците кои можеби се мислат дали да купат нов MacBook или генерално компјутер, па Apple само со оваа промена скокна на повисоко место на пазарот и ја подобри драстично својата понуда. 

ИЗВОРApple
Претходна статијаМакедонски Телеком продолжува со успешно работење и раст и во третиот квартал од 2024 година
Следна статијаАЕТМ: Во првите 6 месеци реализирани онлајн трансакции во вредност од 339,8 милиони евра
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.