the-problem-solver-beer

The Problem Solver е пиво направено во соработка помеѓу маркетинг агенцијата од Копенхаген CP+B и пиварата Rocket Brewing. Она што овие компании го тврдат е дека производот е наменет за подобрување на креативноста. Тоа се постигнува со пиење на точно определена количина од пивото врз основа на скала која што е поставена на шишето.

Се разбира во овој случај се работи за маркетингшки производ и нема дефинитивни научни истражувања кои што со сигурност би го потврдиле ефектот. Меѓутоа, сепак секој од нас има забележано дека кога има испиено мала количина од некој алкохолен пијалак, работите знаат да станат нешто покреативни и интересни.

Компаниите се повикуваат на истражувања кои што тврдат дека одредена количина на алкохол во крвта, ја зголемува можноста за креативно размислување кај луѓето. Поточно, пиењето на некој пијалак со што би дошле до 0,075 промили на алкохол во крвта, се смета како состојба која што овозможува креативен врв.

the-problem-solver-scale

Пивото е направено со 7,1% алкохол, нешто повеќе од стандардните пива кои што ги пиеме. Скалата која што е поставена на шишето, зависно од тежината на човекот, покажува колку од него треба да испиете за да бидете прилично блиску до саканата количина на алкохол во крвта.

Од компаниите предупредуваат дека доколку продолжите да пиете после препорачаната количина, не може да очекувате подобрување на креативноста, туку обратен ефект, што сигурно на секој од нас му е јасно.

Извор: Engadget, The Problem Solver, Medical Daily

Претходна статијаUber: Профит на туѓа несреќа?!
Следна статијаFacebook ја претстави Stickered for Messenger, мала апликација за додавање стикери на вашите слики
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.