header_stickered_press12

Facebook на крајот од минатата недела претстави нова мала апликација која што работи како додаток на масовно користената Messenger апликација за разговори. Наречена Stickered for Messenger, оваа апликација има една намена која што треба да го направи искуството на користење на Messenger поинтересно.

Во основа, Stickered for Messenger овозможува корисниците да додаваат стикери кои што ги има во огромен избор, на своите слики и истите така да ги испратат. Стикери може да се додадат повеќе, а истите може да биде преместувани, да им биде менувана нивната големина, наклон и слично.

stickered_press_011

Оваа апликација е направена од страна на Creative Labs, делот во компанијата задолжен за развој на нови производи. Дел од апликациите направени од овој сектор на Facebook се Rooms и Paper апликациите, а се разбира има повеќе.

Покрај претставувањето на Stickered, Facebook претстави уште неколку новини кои што се наменети за празниците кои што следат. Тие ги вклучуваат следните работи:

  • Нови празнични стикери
  • Празнична рамка за селфи сликите на нова година
  • Chat heads во форма на снежна топка

Stickered for Messenger е достапна за корисниците на Android преку Play продавницата, а се најавува наскоро пуштање и на App Store за iOS.

Извор: Facebook

Претходна статијаThe Problem Solver – Пиво наменето за креативците
Следна статијаOpen Bay овозможува правење на сопствена копија на The Pirate Bay
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.