Џин Роденбери, иако за некои контроверзен човек, сепак ќе влезе во историјата како креаторот на една од најпознатите серии, Star Trek. Тој со оваа серија се обиде да ја замисли иднината на човештвото во која луѓето имаат еднакви можности, парите не постојат, па секој го работи тоа кое го сака и секако, тука е технологијата на иднината и истражувањето на вселената.

The Roddenberry Estate во соработка со компанијата OTOY ја имаат креирано Roddenberry Archive, организација која треба да ги собере и архивира, кратко кажано, делата на Џин.

Тие сега објавија посебен интернет портал на кого, со дизајн сличен на тој од Star Trek компјутерите, корисниците имаат можност да ги разгледаат повеќето Enterprise вселенски бродови. Ова е легендарниот брод на кој капетани беа познатите Вилијам Шатнер и Патрик Стујарт.

Порталот е достапен на овој линк и за фановите на Star Trek е навистина интересен. Доаѓа во одличен момент по завршувањето на Star Trek: Picard серијата која во последните епизоди ги прикажа скоро сите познати вселенски бродови во сериите, чувани од страна на познатиот „Ла Форџ“ од Star Trek The Nex Generation.

Покрај пуштањето на порталот, од Roddenberry Archive објавија и неколку видеа во кои се говори за сериите од страна на Вилијам Шатнер, кој го играше Капетанот Кирк во оригиналната серија, како и Џон Де Ленси, кој го играше Q за првпат во The Next Generation, но го има и во другите серии.

Видеата можете да ги погледнете во продолжение.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2OTOY
Претходна статијаВо “UP HUB“ – Струмица се реализира бесплатна тренинг – програма за обука на тема “Дигитален Маркетинг“ финансирана од програмата ИПА
Следна статијаWhatsApp на Android тестира можност за префрлување на разговорите на нов телефон без потреба од Google Drive
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.