Во Скопје и Битола учествиваа вкупно 149 учесници. Беа склопени 30 тима, а беа направени 28 игри. Во Скопје продефилираа повеќе од 400 посетители за време на маратонот со дополнителни посетители и минувачи за време на презентациите. Таа бројка во Битола се движи над 200.

Дадовме 5 интервјуа за интернет и пишани медиуми, две интервјуа и гостувања на ТВ и едно интервју на радио.

Беа изедени 491 сендвичи, 280 буреци и 79 пици и безброј чоколада, грицки и наполитанки (многу беа). Беа испиени приближно 480 литри Кока Кола, 350 литри сок, 300 литри вода и 290 Ред Бул лименки. Потрошени беа преку 1000 чашки за кафе и вода. Се потроши 490 гигабајти интернет сообраќај, работевме со 130 метри продолжни кабли, а се искористи 1800 метри тоалетна картија.

На наше огромно задоволство повеќе од половината учесници на настанот беа за прв пат! Бројот на девојки кои работат повторно се зголеми од лани. Најмногу се програмираше во Unity, но и во Unreal, Construct 2, python, Scratch, WEBGL и Game Maker. Во организацијата на настанот беа вклучени 48 луѓе.

Претходна статијаVivo Apex 2019 е концепт телефон без физички копчиња, сензор за отпечатоци на целиот екран и 12 GB RAM меморија
Следна статијаMotorola е новиот спонзор на фудбалскиот тим Chicago Fire