Стандардно за овие настани од компанијата, Sony во текот на вчерашниот ден го најави одржувањето на нивниот „State of Play“ стриминг настан кој ќе се одржи денес.
Се работи за не толку долг настан, најавено е дека ќе трае околу 35 минути, а корисниците ќе можат да ги дознаат најновите информации за игрите од PlayStation Studios, како и од другите компании кои развиваат игри.
„Ќе споделиме нови погледи на очекуваните наслови од трети страни и инди-наслови, плус новости од некои од нашите тимови во PlayStation Studios – вклучувајќи и проширен поглед на Saros, мистериозниот нов наслов на Housemarque што пристигнува следната година. Со нетрпение очекувајте речиси пет минути игри снимени на PS5.“ – истакнаа од Sony.
Стримингот ќе може да се гледа преку YouTube, а ќе започне вечер во 23:00 часот по македонско време.
Можете да го гледате на видеото на овој линк.