Скопје, С.Македонија – July 23, 2024 – Samsung Electronics денес објави дека соработува со KRAFTON за да обезбеди врвно гејминг искуство за DARK AND DARKER MOBILE на паметните телефони Galaxy.
„Оваа соработка со KRAFTON ќе им овозможи подлабоко, поимерсивно играње на корисниците на паметни телефони Galaxy кои ја играат DARK AND DARKER MOBILE“, рече Јунгву Ким (Jungwoo Kim) од групата за истражување и развој на системски платформи при Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Движејќи се напред, планираме да продолжиме со обезбедување на оптимизирана средина за игри заснована на тековната техничка соработка“.
Целта на соработката меѓу Samsung и KRAFTON е да обезбедат дека DARK AND DARKER MOBILE непречено работи на најновите телефони на преклоп Galaxy, вклучувајќи ги Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, кои беа претставени на глобално ниво на Galaxy Unpacked 2024 на 10 јули. Новиот наслов, исто така, поддржува континуитет на апликацијата , со што се овозможува играта да продолжи дури и кога Galaxy Z Fold6 е преклопен и расклопен, како и олеснато удобно гејминг искуство на големиот екран на Galaxy Z Fold6.
Соработката ја комбинира стручноста на Samsung во Vulkan 3D графичката технологија со најновите технологии на Unreal Engine на KRAFTON, што резултира со многу реалистична и имерсивна графика. Дополнително, двете компании ги применија најновите технологии како што е „Ray-Tracing“ за да обезбедат најдобра графика на паметните телефони Galaxy, вклучувајќи ги Galaxy Z Fold6 и Galaxy S24 Ultra. Понатаму, кога се игра DARK AND DARKER MOBILE на паметните телефони Galaxy, звучните ефекти Dolby Atmos ќе бидат поддржани за да го подобрат гејминг искуството за корисниците.
KRAFTON и Samsung им даваат можност на корисниците во Јужна Кореја и ширум светот опција за пред-игра за DARK ANDDARKER MOBILE на најновите паметни телефони Galaxy. Кога се игра насловот на Galaxy Z Fold6, кој е прикажан на екранот во Samsung Experience store, корисниците ќе можат да ја искусат следната граница на графика и имерсивност во мобилна игра.
„Тимот за развој работеше на оптимизирање на DARK AND DARKER MOBIL за најновите Galaxy паметни телефони како Galaxy Z Fold6 за да го повтори чувството на играње конзола од дланка, преку техничка соработка со Samsung Electronics“, рече Џунсеок Ан (Joonseok Ahn), извршен продуцент во Bluehole Studio кој го надгледува развојот на DARK AND DARKER MOBILE „Планираме да ја продолжиме оваа тесна соработка со Samsung Electronics во иднина.