По подолго време, Microsoft пушти нова верзија од една од најпознатите игри во оваа категорија, Flight Simulator. Оваа верзија доаѓа со досега најреална графика со неверојатни детали, а на YouTube може да се најдат видеа во кои се споредува вистинска снимка со истото место во играта.

Microsoft првата верзија од Flight Simulator ја пушти пред 38 години, поточно во 1982 година кога играта очекувано имала графика која во денешно време е незамислива. Споредбата сепак треба да се направи помеѓу поновите верзии, а подобрувањето кај најновата е исто така огромно.

Во продолжение можете да погледнете кратко видео во кое се претставени сите верзии од Microsoft Flight Simulator.

Претходна статијаСо LinkedIn Stories не остана мрежа која нема ваква функција
Следна статија„Раце што зборуваат“ – Прв веб речник на Македонски знаковен јазик
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.