Скопје, 24.12.2021 – Во текот на престојниот викенд па се до 28ми Македонската Еспорт Организација организира натпреварувања во три игри и тоа: League of Legends една од најиграните игри кај младата популација со натпреварување 1 против 1 (Петок – 24.12), популарната Dota 2 со натпреварување 1 против 1 (Сабота – 25.12); и (Недела – 26.12), Counter-Strike:Global Offensive 2 против 2, мега популарната дисциплина кај нас и интернационалната сензација и два дополнителни дена (Понеделник и Вторник 27-28.12) одвоени за нашите популарни македонски стримери на платформите YouTube и Twitch.tv ширум целата држава.

Сите овие натпреварувања ќе се одвиваат он-лајн и со мотото #HelpTheOthers, со цел помагање на сите оние кои им е најпотребен персонален компјутер, дали за он-лајн предавања и учење или пак работа. За да приказната биде уште поуспешна се одлучивме овој настан со хуманитарни цели да го изведеме заедно со Донирај Компјутер и европеецот на годинава, Борче Стаменов. Како и на досегашните настани на МЕСА, борбата помеѓу играчите ќе биде пренесена во живо на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports.

Ги покануваме сите заинтересирани заедно да ги проследиме овие турнири кои се дел од Gaming Week, како и секогаш не очекува забавна дружба со гејминг заедницата и одлично натпреварување помеѓу играчите.

Претходна статија„Макпетрол“ ги награди вработените со новогодишен бонус од 30.000 денари
Следна статијаSamsung во партнерство со Netflix покрај париската мода, ги носи популарните модерни уреди во втората сезона на хит серијата „Емили во Париз“