Фото: Workbench Entertainment

Македонското „гејминг“ студио Workbench Entertainment, ја претстави својата најнова игра, Olga – Episode 1. Демо верзија од играта е достапна преку Steam, а официјално пуштање се очекува до крајот на годината. 

Се работи за игра која овозможува доста уникатна приказна преку која играчите ќе можат да се запознаат со животот во едно македонско село, преку интересна приказна која на крајот е замислена да овозможи доста забава и релаксирачка атмосфера. 

Приказната на Olga – Episode 1 се одвива во 1988 година во македонското село Беловодица, кое се наоѓа во близината на Прилеп. Олга, која има 11 години, е оставена од страна на нејзините родители Кристина и Стефан кај нејзините баба и дедо затоа што тие мора да одат надвор од земјата на бизнис пат. 

Олга поминува неколку недели во Беловодица каде што им помага на своите баба и дедо околу куќата, а играта овозможува доста интересно запознавање со стилот на живот во едно вакво село во тоа време. 

Сепак, приказната овозможува и дополнителни моменти кои треба да ја направат поинтересна, па може да се очекуваат и одредени натприродни „случувања“. 

Како што може да се претпостави, играта е во форма на приказна и се одвива од гледната точка на играчот. 

Демото од играта можете да го симнете преку Steam на овој линк, а во продолжение можете да го погледнете и краткото видео како најава за Olga – Episode 1. 

Претходна статијаPepco наскоро ги отвора своите продавници во Скопје
Следна статијаQualcomm ја купува познатата компанија Arduino
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.