Во рамките на Xbox Game Showcase Microsoft најави дека игрите кои се достапни преку PC Game Pass ќе станат достапни и преку GeForce NOW сервисот за стриминг на игри од Nvidia.
Со ова, игрите ќе им бидат достапни на корисниците на сите платформи на кои е достапен сервисот од Nvidia, односно на PC, Mac, Chromebook, Linux, на мобилните и телевизорите и слично.
Сепак, не сите игри од PC Game Pass ќе бидат достапни на GeForce NOW, па од компанијата истакнуваат дека ќе бидат достапни дел од игрите од големиот каталог.
Оваа одлука во главно може да се каже дека е резултат на проблемите кои ги има Microsoft при одобрувањето на договорот за купување на Activision Blizzard од страна на регулаторните тела.
Минатиот месец овој договор беше одобрен од страна на Европската Комисија од каде истакнаа дека Microsoft се имаат обврзано дека ќе ги овозможат нивните игри на конкурентните сервисите за стриминг на игри, нешто што беше главниот проблем.
Достапноста на игрите на GeForce NOW треба да се очекува до крајот на годината.