Microsoft ја продолжува соработката со AMD при развојот на нивните Xbox играчки конзоли, а сега од компанијата најавија и договор за повеќегодишна соработка. Со оваа најава доаѓа и потврдата дека од компанијата веќе работат на развојот на наредната генерација од Xbox конзолата, а истата се очекува да биде претставена за околу две години. 

Најавата за соработката доаѓа од главната на Xbox, Сара Бонд, преку видео во кое се објаснува за што е тоа што може да се очекува од соработката помеѓу Xbox и AMD. 

Соработката може да се очекува да биде за повеќе од само Xbox конзолите, па корисниците можат да очекуваат заеднички развиени чипови и за помалите конзоли, компјутерите и повеќе. 

Видео најавата од Бонд можете да ја погледнете во продолжение. 

Xbox изминатите години не успева баш најдобро да им конкурира на Sony и нивната PlayStation 5 конзола, па ќе видиме дали наредната генерација од Xbox ќе успее да направи нешто повеќе на тој план. Сепак, на крајот, голем фактор за ова е и достапноста на игрите, а посебно ексклузивните наслови.

Претходна статијаБесплатен влез на сите натпревари на ЕМОФ Скопје 2025
Следна статијаПрвиот телефон од Nothing од највисоката класа ќе работи на Snapdragon 8s Gen 4
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.