При крајот на јануари оваа година, Microsoft ја најави една од најголемите зделки за купување на една компанија, во овој случај гејминг компанијата Activision Blizzard. Понудата од Microsoft изнесува 95 долари по акција, односно 68,7 милијарди долари.

На Специјален состанок кој се одржал во текот на вчерашниот ден, повеќе од 98% од акционерите на Activision Blizzard гласале за одобрување на понудата на Microsoft, со што официјално може да се продолжи со процедурата за спојување на компаниите.

Со оглед на тоа дека се работи за голема зделка, која е на конкурентен пазар каде Microsoft веќе има своја понуда, останува да се види како ќе реагираат регулаторните тела во неколку земји, од кои клучни во САД, ЕУ, Кина и слично.

„Денешното гласање со огромна поддршка од страна на нашите акционери го потврдува нашето заедничко верување дека, во комбинација со Microsoft, ќе бидеме уште подобро позиционирани да создаваме голема вредност за нашите играчи, уште поголеми можности за нашите вработени и да го продолжиме нашиот фокус да станеме инспиративен пример на прифатлива, почитувачка и инклузивна работна околина.“ – истакна директорот на Activision Blizzard, Боби Котик.

Инаку, Activision Blizzard е студио кое ги има зад себе насловите како Call of Duty, Warcraft, Candy Crush, Tony Hawk, Diablo, Overwatch, Spyro, Hearthstone, Guitar Hero, Crash Bandicoot, StarCraft, меѓу другите, кое сега ќе продолжат да бидат развивани под Microsoft.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Business Wire
Претходна статијаПретставен Nothing Launcher за да покаже како ќе изгледа Nothing OS
Следна статијаMicrosoft тестира бесплатен VPN во Microsoft Edge
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.