youtube-intro

Сопствениците на YouTube канали, односно корисниците кои што објавуваат свои видеа на оваа мрежа, од сега ќе може да прикачат видео како вовед, односно таканаречено intro, на секое видео на нивниот канал. Прикачувањето на воведното видео е едноставно и се прави преку следење на следните чекори:

  1. Качете го вашето видео кое што може да биде до 3 секунди на вашиот канал како видео кое што не е на листа (unlisted)
  2. На вашиот канал отидете на InVideo Programming страната и кликнете на Add a channel branding intro и изберете го каченото видео или било кое друго видео кое ги задоволува критериумите
  3. Можете да изберете на кои видеа ќе се прикажува воведното видео, односно да се прикажува на сите видеа или само на тие кои што ги имате качено после одредена дата. Видеото можете да го отстраните или промените во било кое време

Видеата кои што би ги користеле како воведни видеа не може да бидат реклами, спонзорства или промоции на производ. Тие се наменети ексклузивно за вашиот бренд, односно за препознавање на вашиот канал.

Извор: YouTube Creators блог

Претходна статијаTuneFind: Најдете ја музиката од филмовите и сериите што ги гледате
Следна статијаHoverChat: Facebook Chat Heads за вашите SMS пораки
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.