Фото: Shutterstock.com

Додека уште не се знае точно дали Елон Маск ќе стане сопственик на Twitter, компанијата има свои додатни проблеми, покрај обвинувањето од страна на Маск дека бројката на лажни и спам сметки е многу поголема од што се кажува.

Од Twitter се договорија со Федералната Комисија за Трговија (FTC) да платат 150 милиони долари како казна за обвинувањето дека тие ги имаат злоупотребено податоците на корисниците.

Поточно, од компанијата не ги информирале корисниците дека кога ќе додадат телефонски број или имејл адреса поради безбедносни причини, овие податоци можат да бидат искористени за прикажување на реклами.

Twitter овие податоци ги има споделено со трети страни, односно компании кои работат со реклами, со цел прикажување на персонализирани реклами на корисниците, нешто што е проблем изминатите години генерално на интернет.

Според информациите, ова практика на Twitter има погодено 140 милиони корисници на мрежата, што значи дека сепак истото не било направено со сите корисници.

Телефонскиот број и имејл адресите се ставаат на Twitter од безбедносни причини, односно за користење на дво-факторска автентикација или за враќање на сметката доколку се изгуби пристап до истата. Кога корисниците ги даваат своите податоци за вакви цели, сигурно не очекуваат дека тие ќе се користат за рекламирање.  

ИЗВОРThe Hacker News
Претходна статијаПредизвик за сите гејмери: НЕПТУН организира голем GAMING настан
Следна статијаМинистерството за економија го прогласи ХалкЕко проектот на Халкбанк за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.