twitter_logo

GIF сликите на повеќето од вас сигурно ви се познати поради нивното користење во правење на смешни слики и шеги. Тие исто така се доста корисни кога сакате да прикажете кратка анимација составена од неколку слики, па не морате да правите видео или слично.

Од денеска GIF анимираните слики ќе можете да ги гледате директно на листата со новости на Twitter, односно на веб, како и на Android и iOS уредите. Досега сликите можеа да бидат објавени само како надворешен линк, па за нивно гледање потребно беше да ги отворите во посебен прозорец, односно таб. Тие нема автоматски да бидат пуштени, освен ако посебно не го отворите твитот, односно за нивно пуштање ќе треба да притиснете на Play копчето кое што се наоѓа на нив.

Новоста ја објави Twitter преку нивната сметка за поддршка со пример како изгледа оваа нова функција додадена на социјалната мрежа.

 

Претходна статијаАпликациите од Amazon App Store ќе бидат достапни на BlackBerry 10.3 уредите
Следна статијаAmazon го претстави Fire Phone, својот прв паметен телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.