Фото: Shutterstock.com

Интеракцијата која корисникот ја има со апликациите од Meta, односно Facebook, Instagram, WhatsApp, па и Threads, се користи за прилагодување на што е тоа што ќе го види на овие апликации. 

Со други зборови, алгоритамот на Meta ја зема во предвид содржината која корисникот ја гледа, како објави, слики, видеа, Reels, Stories и слично, содржината која ја „лајкува“, која ја споделува и слично. Дури во предвид се земаат и страните кои корисникот ги отвора. 

Сега на оваа листа може да се додадат и разговорите кои корисниците ги прават со Meta AI, како и генералната интеракција со вештачката интелигенција од компанијата. 

Во предвид ќе бидат земени текстуални разговори, но и гласовните, па корисниците можат да очекуваат дека темите кои се предмет на разговор, ќе влијаат на содржината која ќе ја гледаат на друштвените мрежи од Meta. 

Фото: Meta

Едноставно кажано, доколку корисникот разговара со Meta AI на тема за планинарење, на пример, може да очекува дека ќе види објави, видеа, слики, Reels и Stories поврзани со планинарење. 

Ова секако ќе важи и за рекламите кои ќе им бидат прикажувани на корисниците, односно алгоритамот ќе ги земе во предвид разговорите со ВИ за градење на нивниот профил, односно интереси. 

Од Meta најавија дека ќе почнат да ги известуваат корисниците за оваа новина уште од утре, односно 7 октомври, а истата ќе почне да функционира од 16 декември.

На корисниците им остануваат досегашните алатки за прилагодување на што е тоа што го гледаат на овие мрежи, односно содржината и рекламите.  

ИЗВОРMeta
Претходна статијаНЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.