Како што повеќето од вас се веќе запознаени, познатиот актер и комедијант Robin Williams си го одзема животот пред два дена после подолг период на справување со депресија и завист од дрога. Williams е еден од најпознатите и најценетите актери и ќе биде запаметен по големиот број на филмови, како и stand-up настани, но и многу други работи кој што ги има направено во неговиот живот. Robin Williams е роден на 21 Јули 1951 година во Чикаго и имаше 63 години.
Apple во чест на Robin Williams ја изменија нивната почетна страна на која е поставена неговата слика и следниот текст:
„Ние сме длабоко натажени од починувањето на Robin Williams. Тој не инспирираше преку неговата страст, неговата великодушност и дарот на смеата. Ќе ни недостасува многу.“
Извор: Apple