mkd nalsovnica

Сигурно голем дел од вас се прашуваат кога сервисите како Hulu или Netflix ќе бидат достапни во нашата земја, па сите филмови и серии да можете да ги гледате со една мала месечна претплата, со HD квалитет, без потреба од барање на Torrent-и и слични активности. Доколку сте еден од овие корисници кои што се пронаоѓаат во оваа изјава, тогаш сигурно ќе ви се допадне следниот сервис кој што ќе ви го претставиме.

Pickbox е СВОД (SVOD-subscriber video on demand) регионална услуга која на корисниците им овозможува он-лајн гледање ТВ серии и филмови преку компјутер, таблет или паметен телефон. Се работи за нова услуга која пазарот на нашиот регион никогаш не ја искусил.Корисникот може да се претплати на месец, три месеци, шест месеци и една година за услугата и неограничено да ги гледа сите содржини на услугата, легално, без чекање, без “поп-апови“ или без реклами, било каде, било кога. Pickbox на своите корисници им овозможува гледање на најпознатите и најфалените ТВ серии, а понудата на Pickbox за филмови ги вклучува класиците на Дизни како Пинокио, Приказна за играчките, Мери Попинс, Пирати од Карибите, 101 далматинец, Тарзан и Аладин.

Целата содржина е достапна во Хрватска, Словенија, Србија, БИХ, Црна Гора и Македонија, локализирана на јазикот на земјата на корисникот, односно корисниците можат да го бираат јазикот на преводите.

Најновите, омилени култни серии и филмови на различни апарати со пристап до интернет секогаш се достапни на: паметните телефони, таблети и персонални компјутери, а се е достапно преку една корисничка сметка. Пристапот е брз и автоматизиран.

Некои од сериите на Pickbox

DISNEYMGMBBCITV
ScandalStargate AtlantisThe OfficeMiss Marple
The RiverVikingsAbsolutely FabulousPoirot
MissingTeen WolfBlackadderEndeavour
Will and GraceExtrasInspector Morse
Red DwarfOrphan Black
Sherlock

Во рубриката Hotbox се наоѓаат серии кои се на Pickbox достапни веднаш по нивната светска премиера. Еве и некои од нив.

Orphan Black

The Blacklist

Masters of Sex

Се разбира овој сервис не може да се спореди со американските, барем не сега, но дефинитивно претставува придвижување на работите во добар правец. Pickbox сервисот можете да го прегледате на следниот линк, а доколку сте заинтересирани и да се претплатите на некој од достапните пакети.

Претходна статијаНовото Start Menu што го најави Microsoft ќе биде достапно идната година
Следна статијаAsus RT-AC3200, рутерот со 6 антени и брзини до 3.200 Mbps
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.