microsoft-outlook-com

Outlook.com webmail сервисот од Microsoft кој што го замени Hotmail пред 2 години е навистина одличен сервис кој што успеа да го спречи одливот на корисници кај конкурентниот Gmail. Неговиот нов дизајн е целосно променет и тој сега е направен во минималистичкиот стил кој што го користи Microsoft во нивните производи. Сепак тој се’ уште заостанува зад Gmail со одредени функции, па поради тоа има уште простор за подобрување, како и претставување на функции кои што ги нема кај конкурентите.

Од оваа недела Outlook.com сервисот добива неколку нови функции кои што навистина го приближуваат до конкурентите, а според Microsoft со дел од нив и ги надминуваат. Промените ќе бидат пуштени за сите корисници во текот на наредните недели, па не се чудете доколку се’ уште не можете да ги најдете. Новите функции претставени во сервисот се следните:

Напредни правила

Правилата кој што можете да ги креирате ви овозможуваат подобро да ги организирате вашите пораки и сандачиња со цел полесно да можете да ги наоѓате пораките. Па така, можете да креирате правило кое што пораките од одреден испраќач да бидат преместени во посебно сандаче и слично.

Со надградбата на сервисот од оваа недела, Microsoft воведува можност за креирање на напредни правила, за кои што тие изјавуваат дека се најсофистицираните правила во webmail сервисите. Овие напредни правила ви овозможуваат поголема контрола на email пораките и нивната организација. Тие може да бидат комбинирани меѓу себе, како и со досегашните правила и овозможуваат организирање на пораките врз основа на временски ограничувања, дали пораките се прочитани или не, дали испраќачот на пораката е некој што го познавате и слично.

На пример, можете да креирате правило со кое што непрочитаните пораки кои што се постари од 3 дена, а се испратени од испраќач кој што го познавате, односно се наоѓа во вашата листа на контакти, ќе бидат означени како важни и означени со знаменце. Ова правило ќе ви помогне да никогаш на пропуштите да прочитате порака од вашите контакти, а ако тоа се случи после неколку дена тие пораки ќе бидат означени и ќе ги видите.

Advanced-Rules-body

Undo (враќање на направената активност)

Оваа функција е одамна воведена на десктоп компјутерите и ви овозможува да со едноставно притискање на Ctrl+Z, ја вратите назад било која работа што ја имате направено, најчесто по грешка. Функцијата овозможува да вратите по грешка избришан или преместен фајл, по грешка избришан збор или реченица во Word и многу други ситуации.

Од сега можноста за притискање на undo функцијата е воведена во Outlook.com сервисот, па сите по грешка избришани или преместени пораки, можете веднаш да ги вратите во претходната состојба.

Undo-body

In-line reply

Доколку сакате да испратите одговор на некоја порака, сега со притискање на reply копчето префрлени сте на нова страна на која што можете да го напишете вашиот одговор. Кога ќе завршите повторно се враќате во Inbox сандачето, па можете да продолжите со работа.

Со новата верзија, одговорите се прават на истата страна со додавање на нова линија за одговор, па оваа активност многу побрзо ќе можете да ја правите.

In-line-reply-body

Подобрување на функцијата за разговор со пријателите

Можеби не сите од вас сте запознаени со можноста за разговор со вашите Skype и Facebook пријатели преку Outlook.com сервисот. Оваа функција исто така добива неколку подобрувања, кои што се барани од страна на корисниците, а тие се следните:

  • Листа со контактите со кои што најчесто комуницирате на десниот долен дел од екранот. На тој дел ќе можете да видите слики од вашите контакти и со притискање на нив веднаш да започнете разговор, како и да ги видите сите контакти. Вакво нешто беше воведено на Facebook пред некоја година
  • Доколку контактот со кој што разговарате го имате на повеќе места, односно на Skype, Facebook и слично, сега едноставно ќе можете да изберете пораката која што ќе ја испратите на кој од овие сервиси да биде испратена
  • Можност за разгледување на луѓето посебно по сервисот на кој што се наоѓаат

Chat-switch-body

Contacts-switch-body

Извор: Office Blog

Претходна статијаПрв целосно таен оптички комуникациски систем
Следна статијаРабота со две апликации во исто време на iPad ќе биде воведена во iOS 8 ?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.