Уште при процесот на купување на Twitter, кој не помина баш глатко, јасно беше дека Елон Маск нема да може сам да ја купи оваа друштвена мрежа. Уште тогаш се говореше за пари од различни места, како на пример членови на владејачкото кралско семејство на Саудиска Арабија.
Како дел од судски процес започнат уште минатата година, сега е достапна листата на инвеститори кои се сопственици на X Holdings Corp. Листата е доста голема и го вклучува принцот Алвалид бин Талал ал Сауд од Саудиска Арабија, а тука се и инвестициски фондови како Baron Opportunity Fund и Andreessen Horowitz.
Тоа што е интересно од листата е што го има и поранешниот основач и сопственик на Twitter, Џек Дорси, а за жал покрај објавата на листата, нема информации за тоа кој колку има инвестирано, односно колкав процент од компанијата го поседува.
Целосната листа на инвеститори во X можете да ја погледнете на овој линк.