Фото: Shutterstock.com

Познатиот случај од 2018 со британската компанија Cambridge Analytica, ги покажа дотогашните верувања за тоа дали Facebook доволно се грижи за приватноста на своите корисници, односно за нивните податоци.

Во основа, за потсетување, овој случај покажа дека компаниите користејќи обична Facebook апликација, можат да дојдат до скоро сите податоци кои се поврзани со корисниците. Тоа го имаат направено од Cambridge Analytica користејќи апликација која била квиз за карактерот на луѓето, но истата имала пристап до сите податоци од корисниците.

Овие податоци потоа биле користени за креирање на профили на луѓето со цел подобро да бидат таргетирани во идни кампањи, а конкретно се споменува кампања во претседателските избори во САД во 2016.

Покрај плаќањето на две државни институции, Facebook, односно сега Meta, се сложија да се договорат за колективната тужба која им е поднесена и да платат 725 милиони долари. Тужбата се однесува и генерално за практиките на компанијата и недоволната заштта на податоците од корисниците.

Во договореното сепак Meta не признаваат никаква вина за нивниот начин на работа.

Според информациите, ова е најголемата сума која некоја компанија ја има платено во процес со колективна тужба поврзана со приватноста на корисниците.

По случајот во 2018, Facebook има направено доволно промени, а ова се истакнува и во договорот за тужбата, па веќе не може да се дојде со податоците од корисниците преку обична апликација. Од една страна апликациите имаат доста помал пристап до податоци, а корисниците и самите може да изберат што би сакале да биде споделено, односно достапно за апликациите.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаGoogle тестира прикажување стихови во живо кога се прави „casting“ преку YouTube Music
Следна статијаСеавус Акселератор инвестира 200.000 евра во стартап компанијата Synapse Aviation
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.