Во коментарите од објавите, како и одговорите на тие коментари, корисниците конечно ќе можат да ги користат „gif“ анимираните слики. Ова е нешто што е одамна достапно на другите мрежи, а и е доста популарно.
Сликите кои ќе може да се користат во коментарите се од Giphy сервисот, кој е и најпознат. Оваа компанијата беше купена од страна на Meta, но CMA регулаторното тело од Обединетото Кралство побара од истата да биде продадена.
Коментирањето со овие интересни анимирани слики се користи многу често при одговорите на објавите, како и во приватните пораки. Корисниците едноставно некогаш не сакаат да напишат нешто, а тоа што го мислат најдобро се искажува со анимирана слика.
Најавата за оваа новина дојде директно од Адам Мосери, главниот на Instagram во Meta.