Фото: Shutterstock.com

Иако Facebook е мрежа која во главно е позната како место за спојување на пријателите и споделување на содржина од други места, сепак од Meta веќе тоа не сакаат да биде така, а посебно не со нивната Instagram мрежа.

Од компанијата сакаат да бидат место каде што ќе се создава оригинална содржина, наместо истата само да се споделува од другите мрежи, а тука посебно може да се стави акцентот на TikTok, но и YouTube, Twitter и други.

Тоа што се случува со Instagram е посебно интересно зошто нивните Reels видеа се кратко кажано копија на TikTok, па корисниците наместо да почнат да ги користат Reels, тие само ја споделуваат содржината од TikTok, меѓу другите.

За таа цел, главниот на Instagram најави дека ќе почне да се спроведува нешто што веќе беше најавено, но сега ќе почне да прави поголема разлика. Поточно, Instagram ќе го намалува рангот кај нивниот алгоритам на објавите кои не се оригинално прикачени на оваа мрежа, туку само се споделени од друга.

Тоа значи дека објавите кои се споделени од друга мрежа на Instagram ќе се прикажуваат доста подолу во листата со новости, па корисниците кои следат доста профили може и да не стигнат да ги видат.

Од компанијата не истакнаа точно како ќе ја прават проценката за тоа дали некоја содржина е оригинална или не, но кажаа дека ќе бараат повеќе начини за истото.

Најмногу се очекува дека ќе бидат погодени од оваа одлука профилите кои објавуваат во главно смешни слики и видеа од други мрежи, односно како што ги нарекуваат агрегатори на содржина.

Тоа што не е познато е како ќе се постават од Instagram кон креаторите кои објавуваат оригинална содржина, но во главно на TikTok, на пример, па истата ја споделуваат на Instagram.

Покрај оваа промена, Instagram ја проширува функцијата за означување на производи во објавите за сите корисници, а исто така корисниците ќе можат да изберат и нешто додатно да стои до нивното име кога се означени, како на пример, фотограф, музичар и слично.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаСојузот на средношколци апелира за солидарност со учениците преку брзо склучување на договор меѓу Владата и СОНК
Следна статијаSamsung ќе почне да користи технологија за производство на батерии која ја користи за електричните автомобили
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.