Фото: Shutterstock.com

Компанијата Samsung SDI, која работи со производство на батерии, ќе ја употреби технологијата која ја користи за производство на батерии за електричните автомобили кај производството на батерии за мобилните телефони, истакнаа од The Elec.

Главната придобивка со примената на оваа технологија ќе биде зголемување на капацитетот на батериите кај мобилните, без потреба од зголемување на нивната физичка големина. Со тоа производителите на смартфони ќе можат да ослободат простор во уредите или да овозможат батерии со поголем капацитет со постојниот дизајн.

Технологијата која се користи за производството на батериите за електричните автомобили користи метода наречена редење, односно сложување на материјалот за батериите на слоеви, за разлика од методата за нивно превиткување и намотување како што се користи кај батериите за телефоните.

Од компанијата веќе почнале со прилагодување на нивните производствени капацитети, а наводно тие ќе се тестираат и во Кинеските фабрики.

Кога точно може да се очекува овие батерии да станат дел од новите смартфони, не е познато, а се очекува дека покрај Samsung Electronics, за нив би биле заинтересирани и од Apple за нивните iPhone уреди, меѓу другите.

Apple моментално користи L систем кој вклучува поврзување на повеќе помали батерии со цел да може подобро да се искористи просторот. Користењето на батерија со поголема густина може да овозможи ослободување на простор кај iPhone уредите или овозможување на поголем капацитет.

После повеќе години читање за нови технологии за батериите, со кои повторно би можеле да ги користиме нашите мобилни уреди барем една недела пред да мора да бидат наполнети, ништо ново не излезе на пазарот. Полека станува јасно дека поголем напредок во технологијата на батериите ќе дојде за повеќе години од што се очекуваше.

Во меѓувреме, можеме да се задоволиме со вакви промени кои ќе донесат нешто поголем капацитет со кој барем ќе можеме да го поминеме денот без да мора да гледаме во статусот на батеријата.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаInstagram ќе го намали прикажувањето на содржина која не е оригинално креирана за оваа мрежа
Следна статијаПатот до успешна кариера во Quality Assurance со Сеавус Академијата за Тестирање Софтвер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.