Фото: Shutterstock.com

Instagram го зголеми бројот на слики и видеа кои можат да бидат дел од една објава. Оваа бројка досега беше 10 слики и видеа, а сега се дуплира, односно корисниците ќе можат да објавуваат до 20 слики и видеа во една објава. 

Промената е веќе започната да им биде пуштана на корисниците, но се најавува дека истата ќе биде пуштана постепено. Тоа значи дека не сите корисниците веднаш ќе можат да објавуваат до 20 слики и видеа, но можат да ја очекуваат новината во неделите што следат. 

Како и доста други новини кои станаа дел од Instagram изминатите години и оваа може да се препише на конкуренцијата со TikTok. Оваа мрежа на корисниците им овозможува објава на до 35 слики во една објава, па јасно е зошто и Instagram мораше да направи нешто за нивното „мало“ ограничување од 10 слики и видеа. 

ИЗВОРNeowin
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаApple со различен пристап кон блокирањето на реклами во Safari
Следна статијаMac mini со М4 чипот ќе биде најмалиот компјутер од Apple досега
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.