Google денеска преку својот Gmail blog најави дека воведуваат можност корисниците да симнат копија од своите податоци кои што ги имаат на Gmail или на Google Calendar. Истото можете да го направите на следниот линк. Од денес овозможено е симнување на податоците од Calendar сервисот, а истото за Gmail, односно можноста да ги симнете вашите email пораки ќе биде овозможено во наредните месец дена.
При симнувањето на податоците ќе имате избор што точно сакате да симнете, односно дали сакате да ги симнете сите email пораки или само пораките со одредена ознака, како Inbox, Sent или други ознаки креирани од ваша страна. Истиот избор е понуден и при симнување на податоците од Calendar сервисот, односно можете да изберете да ги симнете сите календари или само одредени.
Исто така имате можност да симнете еден фајл како архива од повеќе Google сервиси, како што се Gmail, Calendar, Google+, YouTube, Drive, и други Google податоци.
Оваа функција е корисна доколку сметате дека ви е потребен бекап на податоците, а посебно доколку сакате да се префрлите на друг web email сервис, па на него да ги имате сите досегашни комуникации и други податоци.