YOTAPH

Уникатниот YotaPhone, кој за првпат беше претставен во јавноста пред скоро една година, до крајот на месецов ќе биде достапен во неколку европски земји.

Интересно кај овој телефон е тоа што освен стандардниот LCD екран, вклучува и секундарен EPD (electronic paper display) екран на задната страна. Двата екрани се со големина од 4.3 инчи. Предниот LCD екран е со резолуција од 1280 x 720 пиксели и можност за приказ на 16.7 милиони бои, додека задниот e-paper екран е со резолуција од 640 x 360 пиксели и може да прикажува само црни и бели нијанси. Бидејќи EPD екранот има незначителен импакт врз батеријата, тој ќе биде постојано вклучен и ќе прикажува најразлични информации, нотификации и сл. Исто така, овој дисплеј е идеален и за читање на електронски книги.

Телефонот е со димензии од 133.6 x 67 x 9.99 милиметри и тежи 146 грама. YotaPhone содржи дво-јадрен Snapdragon S4 Pro просесор со работна фреквенција од 1.7 гигахерци, во комбинација со 2 гигабајти RAM и 32 гигабајти eMMC меморија. Вградени се две камери, задна со резолуција од 13 мега-пиксели и предна со резолуција од 1 мега-пиксел. Батеријата е со капацитет од 1800 мили-ампер часови.

YotaPhone ќе биде достапен во црна и бела варијанта, а ќе се продава по цена од 500 евра. Најпрво ќе се појави на рускиот пазар, а набрзо потоа и во Австрија, Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија.

 

Претходна статијаGoogle воведува симнување на копија од вашите податоци на Gmail и Calendar
Следна статијаНова верзија на Google Play Store на Android со неколку новости