[showcase id=”7085″]

Според порталот Geek.com, Google тестира целосно нов дизајн на својот познат Gmail сервис и за таа цел има избрано мала група на луѓе на кои што им е даден пристап за тестирање на дизајнот. Промената на дизајнот се однесува на веб верзијата на Gmail и ако приложените слики се точни, се работи за до сега најголемиот редизајн на сервисот од неговото постоење.

Gmail сервисот постои веќе подолго време и претставува можеби најпопуларното и најмногу користено решение од ваков тип. Корисничкиот интерфејс иако повеќе пати претрпи промени, подобрувања, освежувања, сепак го задржа стилот воведен на почетокот. Некои корисници сигурно се веќе навикнати на него, а други можеби сметаат дека сепак е сложен и полн со непотребни работи, посебно во ова време на поедноставување на работите.

Од сликите може да се види дека интерфејсот е целосно променет и прочистен од тоа што се смета како непотребно. Левата лента која што им е позната на сите корисници, на која што се поставени email сандачињата, но и уште неколку работи поврзани со календарот и слично, сега е скриена и корисникот треба да ја повлече. Овој начин на прикажување на лентата сигурно нема да збуни никого поради тоа што е направен во стилот на апликациите на уредите со екрани на допир. Исто така оваа лента е поедноставена и на неа се прикажани само вашите сандачиња, меѓу кои и досега претставени како посебни ленти на горниот дел, Social, Promotions, Updates и Forums.

[showcase id=”7089″]

Горната дел од екранот исто така е многу поедноставен, па така наместо поголемиот број на копчиња и линкови сега таму е поставена само една лента на која што се наоѓаат копчето за прикажување на лентата со сандачиња од левата страна, копче за прикажување на Hangouts контактите и лента за пребарување на пораките во средниот дел. На долниот десен дел поставено е копче преку кое што можете да креирате нова порака, да креирате потсетник и слично.

[showcase id=”7087″]

Како што се најавува, начинот на означување на важните пораки со ѕвездички ќе биде заменет со иконата од игла, односно за иконата за означување на прикачени работи. Пораките кои што ги имате прикачено може да бидат прикажани на горниот дел пред најновите и другите пораки, но и на нивното место според датата на добивање.

Извор: Geek.com

Претходна статијаValour, паметен сензорски велосипед кој се грижи за вашата сигурност
Следна статијаПромотивно видео за LG G Watch кој што треба да биде претставен
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.