Моментално за да можете да креирате Google сметка, која што можете да ја користите за Gmail, YouTube и останатите сервиси од оваа компанија, потребно е да бидете постари од 13 години. Тоа не значи дека децата помали од оваа возраст немаат Google сметки, затоа што ништо не ги спречува да излажат за својата возраст.
Google е во фаза на изнаоѓање на начин како да дозволи нивните сервиси да можат да ги користат и децата помали од 13 години, се разбира со дозвола од нивните родители. Некои од странските портали имаат интересен начин на пренесување на оваа вест, па овој потег од компанијата го нарекуваат Google доаѓа по вашите деца. Во рамките на овие промени, Google исто така планира и посебна верзија од YouTube, која што треба да биде погодна за гледање од страна на децата, односно помалите од 13 години.
Со креирањето на сметка од големиот број на компании, достапни ви стануваат голем број на сервиси. Поради тоа за заштита на децата постои границата под која што тие не би требало да можат да креираат таква сметка. Меѓутоа тоа не значи дека во денешно време кога децата на се помала возраст се учат да ги користат компјутерите, мобилните телефони, таблет компјутери и слично, немаат разни сметки. Се поставува прашањето дали доколку се дозволи децата да имаат сметки, меѓутоа со дозвола и контрола од страна на родителите, тие би биле подобро контролирани што прават до одредена возраст.
Извор: The Verge