Фото: TechCrunch.com

Како Facebook веќе да не е главната интернет дестинација на над милијарда корисници во светот, па тие продолжуваат со воведување на нови функции. Се разбира, се шегувам, причината поради којашто оваа мрежа е толку популарна е ваквиот начин на работа, односно константното подобрување на постојните и воведување на нови функции корисни за корисниците.

Најновата функција којшто сигурно ќе им се најде корисна на повеќето е временска прогноза. Истата и досега беше достапна во форма на кратко известување за моменталната временска состојба на почетокот од тајмјалнот, најчесто при првото вклучување наутро.

Сега, временската прогноза е направена како посебен дел достапен на мобилната апликација и на десктоп верзијата од социјалната мрежа. Корисниците ќе може да ја најдат во делот од апликацијата каде што се прилагодувањата, односно менијата за пријателите, групите и слично.

Ова значи дека преку Facebook сега ќе може да се провери целосната временска прогноза, односно покрај моменталната состојба, прогнозата за наредните денови, час по час прогноза и слични додатни информации карактеристични за ваквите апликации.

Информациите за временската прогноза Facebook ги зема од Weather.com, па доколку веќе ја користите оваа апликации, ќе може и да ја избришете.

Корисниците ќе имаат можност да изберат од која локација да им биде прикажувана прогнозата, односно покрај стандардно моменталната, ќе може да се додаде и друга. Ќе бидат достапни и известувања кои ќе може да се прилагодат преку апликацијата.

Со ова Facebook може да се каже дека директно им конкурира на другите апликации наменети само за временска прогноза, па ќе видиме дали ќе има пад на нивната популарност, како и реакција од програмерите.

Како и секогаш, конкуренцијата може да донесе само предности за корисниците кои може да очекуваат дополнителни функции со цел да бидат мотивирани од страна на програмерите да продолжат да ги користат нивните апликации.

Моментално оваа нова функција не е достапна за сите корисници, а се очекува истото да се случи до крајот на месецот.

Извор и слики: TechCrunch

Претходна статијаLG Watch Style и Watch Sport се првите часовници со Android Wear 2.0
Следна статијаGoogle ја пушти штедливата YouTube Go апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.