Фото: TechCrunch

Можноста за објавување на видеа на Facebook преку директно прикачување на мрежата постои одамна. Доколку тоа видео сакате да го прикажете на некого, покрај прикажувањето на вашиот ѕид, можно беше испраќање на линк до видеото.

Меѓутоа, кој начин и да го изберете, видеото мораше да се гледа на самата Facebook страна. Во денешно време на голем број на веб страни, блогови и слично, потребата од вградување (embed) на видеото на вашата страна е многу поважно од порано.

Ваквата можност е достапна на YouTube, како и другите попопуларни видео сервиси веќе подолго време. Со оглед на тоа дека на овие сервиси тоа им е основата работа, не би било ни логично можноста да ја нема.

Со додавањето на ваквата можност на Facebook, односно за видеата прикачени на мрежата, социјалната мрежа влегува во конкуренција со другите видео сервиси, а се разбира тука прво ни текнува на YouTube.

Новата можност беше најавена вчера во рамките на F8 конференцијата, на која што беа претставени и новите можности на Facebook Messenger.

Вградувањето на видеото на друга страна е едноставно како што би очекувале. На самото видео ќе биде додадено ново копче, embed, преку кое што се добива потребниот код кој што се става на саканата веб страна.

Ова е погодно за ситуациите кога некое видео го има само на Facebook, па сега нема да има потреба да го качувате истото или да го барате на YouTube.

Извор: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаНовиот паметен телефон на Oppo има екран без рамка од страните
Следна статијаLapworks Amigo: Вистинска џебна тастатура на преклопување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.