Изгледа дека на Facebook не им одговара да имаме покани за пријателство коишто ги немаме прифатено, а со цел да нашата мрежа од пријатели биде што поголема. Во основа, друштвената мрежа и нејзиниот алгоритам функционираат најдобро кога имаат што повеќе извори за креирање на нашата листа со новости.

Начинот на којшто од мрежата ќе се обидат да влијаат на нашата одлука за поканите е преку ставање на рок, по што поканата автоматски ќе биде тргната и одбиена. Не сум само сигурен што се случува после одговараањето. Тој што не ја прифатил поканата, може да и прати на таа личност покана, меѓутоа дали автоматски одбиената страна би можела тоа повторно да го направи, изгледа ќе дознаеме доколку оваа новост стане достапна за сите. По некоја логика, не би требало да може повторно да се прати покана, сепак.

Со ставањето на рок за прифаќање, сигурно голем број на корисници ќе се одлучат за прифаќање. Често оставањето на неприфатена покана е поради оставање на некаков ефект или мислење пред донесување на одлуката, па не ретко се случува да се заборави.

На овој начин, кога ќе знаеме дека имаме рок, побрзо ќе се решиме што сакаме да правиме со поканата. Доколку сепак не сакаме да ја прифатиме, истата барем нема да остане во листата.

Останува да видиме дали Facebook ќе ја воведе оваа можност за сите корисници, а вие може слободно да пишете дали би сакале, во коментарите.

ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаПеро Сарџоски, иноватор: Само здраво образование може да донесе здрава иднина
Следна статијаGoogle официјално започнува со индексирање на мобилните верзии од страните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.