fbwm_cw_07

Во текот на минатата ноќ, поточно почнувајќи од 23 часот, сигурно голем дел од вас забележаа дека Facebook повторно не работи. Иако прекинот беше краток, времето беше доволно за активните корисници на оваа социјална мрежа да бидат лишени од нивната „доза“ за вечерта.

Можеби прекин од 5-10 минути на некоја друга веб страна не би било причина за пишување на вест, меѓутоа кога се работи за Facebook, сигурно сите се интересираат да дознаат нешто повеќе.

Ова посебно важи кога оваа страна се случува да биде недостапна трет пат за помалку од две недели, нешто што досега се нема случено. Исто така, Facebook е од оние страни кои што корисниците не очекуваат дека би биле недостапни, а таквите ситуации се навистина ретки.

Од Facebook за американските портали изјавија дека се свесни за проблемот кој што се има јавено вчера и дека е поврзан со одредени прилагодувања во Facebook Graph системот, но не излегоа со нешто повеќе информации, посебно за тоа зошто се случуваат овие прекини изминатите недели.

Извор: VB, TNW

Фото: Facebook

Претходна статијаGoPro ја претстави Hero+ Wi-Fi камерата, чини 199 долари
Следна статијаBlackBerry Priv прикажан (не толку успешно) од директорот на компанијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.