Како што обично е случајот, Facebook пред некоја нова функција да ја пушти за сите корисници, ја тестира на ограничен број од нив, па на тој начин и се дознава, кога некој од нив ќе ја објави на интернет.
Најновата функција којашто е во тест фаза е наречена „Conversation Topics“, односно Теми за разговор и истите се прикажуваат со цел да ви дадат идеа на која тема може да направите муабет со вашите пријатели.
Темите за разговор ќе се прикажуваат под името на корисникот во посебен дел од Messenger апликацијата. Ќе бидат во форма на краток опис на тоа што вашиот пријател правел изминатиот период, односно кој настан го има посетено, но и работи како која музика ја има слушано и слично.
Ова би требало да ви даде идеа каков разговор да започнете со некој од вашите пријатели, се разбира доколку напишаната тема ве мотивира на тоа.
Како и за многу други функции во тест фаза, нема гаранција дека истата ќе биде овозможена за сите корисници. Тоа во главно зависи од информациите за корисноста кои ќе ги собере Facebook, па врз основа на нив ќе одлучи дали функцијата е доволно добра и спремна за масовно пуштање.
Извор: TechCrunch, Gizmodo