По информацијата дека Facebook работи на дополнителен избор од стандардното лајк копче, сега можеме да добиеме претстава како ќе изгледа сето тоа. Повеќето корисници мислеа и се надеваа дека ќе добијат можност за притискање на dislike, меѓутоа, како што можевме да прочитаме, Facebook најави претставување на копчиња преку кои што ќе можат да се искажат дополнителни емоции, за ситуациите кога не е соодветно притискање на лајк, но не и dislike.
Корисниците би требало да се откажат од очекувањето за претставување на dislike копче. Ова не нешто што од социјалната мрежа тешко дека ќе се одлучат да го воведат. Во основа, за што поголем број на активни корисници, потребно е истите да бидат задоволни и заинтересирани да се вратат на страната. Сите знаеме колку се важни за голем број на корисниците собраните лајкови, па можеме и да замислиме како тие би реагирале кога би добивале спротивни реакции.
Прво објавено на шпанската верзија на Engadget, Facebook ќе започне со тестирање на дополнителни копчиња кои што ќе може да се притиснат покрај Like. Тие копчиња би вклучувале израз на емоции за ситуациите кога не е погодно лајко копчето, а пример за тоа се љубов, смеење, шокираност, лутина, плачење и слично.
Со овие дополнителни копчиња корисниците ќе можат да се изразат подобро во одредени ситуации каде што веќе реално лајк копчето не е доволно.
Facebook ја потврди информацијата за некои од американските портали. Копчињата официјално се наречени „Реакции“ (Reactions) и корисниците ќе можат да ги користат како на веб, така и преку мобилните апликации. За избор на реакција ќе треба да се помине со глувчето или да се притисне на мобилните на лајк копчето, по што ќе биде прикажани новите можности.
Дали сметате дека е потребен поголем избор од досегашното лајк копче и дали би сакале сепак да има можност за притискање на dislike ?