Facebook започна со прикажување на посебен центар за информации поврзани со COVID-19 заболувањето. Целта на овој дел од мрежата е да корисниците бидат што поточно информирани во ова време кога лажните вести не се ништо помали од обично, па дури ги има и повеќе.

Coronavirus (COVID-19) Information Center, како што е наречен, ќе прикажува информации од проверени извори, како што се Светската Здравствена Организација, но и од проверени и познати медиуми.

Во овој дел ќе има информации за ширењето на вирусот, како и што може да се преземе во оваа ситуација, а посебен акцент ќе се стави на држењето дистанца и седењето дома. Ќе биде достапна мапа, вести и препораки од познати медиуми и слично.

Покрај тоа, ќе се прикажуваат информации важни баш за таа локација на корисникот, односно за неговата земја, а ќе има информации и од познати личности со надеж дека корисниците ќе бидат повеќе спремни да ги прифатат советите од нив.

За почеток овој центар ќе им се прикажува на корисниците од САД, Италија, Франција, Германија, Шпанија и Британија, а во деновите што следат се планира поширока светска достапност.

Дали оваа алатка се планира за повеќето земји, значи и нашата, не е познато, па ќе видиме дали ќе се појави центарот овие денови.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаГолема посетеност на платформата „Домашна училница“ во Битола
Следна статија#СедиСиДома и исклучи ги светилките
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.